Живот
12. November 2018 - 21:16

Бебето го крстиле по Хитлер: Осудени родителите неонацисти, припадници на забранета ултрадесничарска група

Три лица денеска се осудени поради припадност на забранета ултрадесничарска група во Британија, јавува АП.

Британците Адам Томас (22) и Клаудија Пататас (38), кое своето дете го нарекле по Адолф Хитлер, се осудени поради членство во ултрадесничарската група Национална акција.

Осуден е и Даниел Богуновиќ (27), но не се наведвуа какви казни им се изречени.

На поротниците денеска во текот на судењето им е покажана слика од Томас како го држи својот син во облека на растистичкиот Кју Клукс Клан.

Национална акција е забранета од 2016 година во Британија откако еден ултрадесничар ја уби британската политичкарка Џо Кокс.