Бебе "џин" тешко 6 килограми родено во Индија
Гога Баи (25) и нејзиниот три години постар сопруг Равиндра Кумар станале родители на дете тешко неверојатни 5,970 килограми, потврдено е дека ова е најтешкото родено дете во Индија.
Детето чие име сеуште не е откриено, родено е со царски рез во средата во регионот Сри Ганганагар во западна Индија. Докторката Анамика Агарвал, која била една од четирите доктори на породувањето, го нарекла чудесното дете.
"Никогаш не сум породила толку големо новороденче. Беше вистинско изненадување за сите нас, не само што е најголемото родено бебе во оваа болница, туку и во целата земја. Мајката се обиде да го роди по природен пат, но беше преголемо па моравме да ја породиме со царски рез", кажала доторката Анамика.
И мајката и бебето по породувањето се добро.
"Имаше некои проблеми со дишењето, но сега е добро", додала докторката.
Мајката на роденото бебе е дијабетичар и има околу сто килограми, лекарите се убедени дека тоа е причината поради која бебето е толку големо.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите