БДП во 2015 година изнесувал 558.240 милиони денари
Државниот завод за статистика ги објави податоците за БДП во 2015 година според кои тој изнесувал 558.240 милиони денари и во однос на 2014 година номинално е зголемен за 5,8 отсто.Реалната стапка на раст на БДП во 2015 година, според Државниот завод за статистика, во однос на 2014 година изнесува 3,8 проценти.
Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2015 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање,
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 18,7 проценти.
Финалната потрошувачка во 2015 година, во однос на 2014 година, номинално растела за 3,6 отсто, а во структурата на БДП учествувала со 85,1 отсто.
Учеството на извозот на стоки и на услуги, според податоците, во структурата на БДП во 2015 година изнесува 48,8 отсто и вредноста на
инвестициите во основни средства во 2015 година изнесува 129.095 милиони денари.
Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2015, во однос на 2014 година, изнесува 4,5 отсто.
Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 63,4 отсто, машините и опремата со 30,1 проценти, а останатите инвестиции со 6,5 проценти.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев