Фудбал
19. March 2023 - 19:59

„БББ“ со овации го испратија Адеми во Кина

Спектакуларно простување  на фановите на Загрепски Динамо, Бед блу бојс кои  денеска со специјална кореографија му се заблагодарија на капитенот на Динамо Аријан Адеми за 13-те сезони поминати на Максимир. 
Љубителите на фудбалот не штедеа овации за македонскиот репрезентативец на првенствениот дуел со Ријека. Адеми во Динамо одигра 373 натпревари и е втор со најмногу настапи за Динамо и рекордер по трофеи и европски настапи. Капитенот на Динамо следните три години ќе настапува во кинескиот Пекинг Гуан. 
Инаку Динамо ја совлада Ријека со 1-0 со голот на нашиот интернационалец Стефан Ристовски.