Loading Video...
Фудбал
6. April 2020 - 13:58

„Баварците“ ги почнаа подготовките за продолжението на Бундес лигата

Екипите во германската Бундес лига полека им се враќаат на тренинците, разбирливо под посебни услови. 
 
Откако поголемиот дел на екипите од Бундес лигата изминатава недела веќе одработија по неколку тренинзиз, денеска тоа за прв пат го направија и шампионите, фудбалерите на минхенски Баерн. 
 
„Баварците“ утринава го одработија  првиот тренинг паузата направена поради пандемијата на Корона вирусот. Тие тренираа во помали групи од 4-5 играчи, почитувајќи ја меркиата за социјална оддалеченост.
 
Од клубот информираа дека ги запазува препораки, па на тренинзите присуствуваат само луѓето кои се неопходни за да се реализира тренингот. 
 
„Ова ќе биде направено во координација со владината политика и релевантните органи. Без сомнение дека строго ќе се почитуваат сите регулативи за хигиена. Tренинзите се одржуваат без присутни на публика, со цел дополнително да се забави ширењето на коронавирусот. Затоа бараме од навивачите да продолжат да ги следат инструкциите на надлежните и затоа ве молам да не доѓате на теренот за тренинг“, се вели во соопштението на Баерн. 
 
Инаку Бундес лигата беше прекината кон средината на март, а во моментов официјален датумот за продолжување на натпреварите е 30 април, но најверојатно истиот ќе биде пролонгиран.