Кошарка
18. February 2020 - 8:43

Батлер има желба во Чикаго да ја заврши кариерата

Кошаркарот на Мајами, Џими Батлер, без двоумење, одговори потврдно на прашањето, дали некогаш би сакал да се врати во Чикаго.

– Да, се разбира. Ова е Чикаго. Овој град е мој дом долго време и сè уште останува мој дом. Дефинитивно, постои шанса да се вратам, можеби пред крајот на кариерата. Кој знае, ќе откриеме кога ќе дојде време за тоа, вели Батлер во изјава за „Чикаго тајмс“.

Триесет годишниот Батлер НБА кариерата ја почна во Чикаго булс во 2011 година. Во 2017 замина во Минесота, а потоа една сезона одигра за Филаделфија, пред да потпише за Мајами.