Басу: Брегзит без договор ќе ја загрози безбедноста на земјата
Брегзит без договор би го блокирал пристапот на британската полиција до податоците на Европска унија за сериозните криминалци и би нанел штета на безбедноста на државата по 31 октомври, изјави денеска шефот на британската антитерористичката единица Нил Басу.
Тој за „Гардијан“ наведе дека ако Велика Британија го изгуби пристапот до Шенгенскиот информативен систем, документацијата за патниците и можноста да се користи Европскиот налог за апсење.
– Тоа би создало моментален ризик дека во нашата земја би можеле да влезат сериозни престапници, кои се барани во своите земји поради сериозни кривични дела, а ние тоа да не го знаеме, истакна Басу.
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сака нов договор со ЕУ, но оти Велика Британија ќе излезе од Европска Унија на 31 октомври дури и без договор.
– Не можеме да ги намалиме штетните последици, но тоа би можело да го забави системот. Овие системи и алатки се развиени во ЕУ поради добри причини. Тие се многу добри. Во случај да не дојде до договор, ќе ги изгубиме, истакна Басу.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња