Loading Video...
Кошарка
7. August 2018 - 18:41

Баскет турнирот “3x3“ во Гевгелија и Скопје

Крајот на месец август ќе донесе нови возбудувања за љубителите на популарниот баскет.  Најавено е дека овогодинешново издание со одлука на Здружениот 3 на три Македонија ќе се пресели во Гевгелија заедно со  Скопје каде се играше минатата сезона и тука ќе се одигра првиот круг.  

Теренот на кој ќе  се игра турнирот ќе биде  поставен на најатрактивно место во центарот на нашиот најужен град а учество ќе земат 16 екипи од повеќе градови во Македонија. Најдобрите 12 потоа ќе продолжат на главниот турнир кој  ќе земе место во Скопје во месец Септември.

            Како што најавија организаторите терминот на одигрување е 25-ти и 26-ти август.  МКД Тур лигата својата премиера ја имаше пред речиси еден месец во Скопје а потоа завршницата се одржа во Охрид со триумф на екипата на ИКС-ИКС-ИКС Сарајево.