Баша: Рама e уметник за измами, кој со пријателите украде милиони евра
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша денеска сподели нова видео-порака во која обвнува за „ грабежите направени од премиерот Еди Рама“.
– Еди Рама е уметник на измамата. Се што вети, се што рече е лага, со цел да краде. Секој проект, програма и политика на психичкиот крадец е измама за Албанците во служба на олигарсите. Еди Рама и олигарсите – ограбувачи не оставија ништо за обичниот граѓанин. Тие само крадат преку концесии, со тендери, со дозволи за градба, со специјални закони и на секој можен начин. Тие не дозволуваат никој друг да создава, конкурира, гради, обвинува Баша во видео-пораката објавена на неговиот профил на Фејсбук.
-Вашите пари, парите на Албанците, ги краде психички крадец со семејството и пријателите. Тие се збогатуваат, а осиромашува обичниот и незаштитен народ. Секое трето албанско семејство нема што да јаде бидејќи нивните пари ги украде Еди Рама. Милијарди евра се украдени и злоупотребени од Еди Рама за шест години, наведува Баша.
За да се ослободи Албанија од оваа „банда“ треба да си замине Еди Рама, наведува Баша и завршува со веќе познатиот слоган „Рама оди си. Албанија како Европа“.
Пред два дена Баша преку видео-порака обвини дека сите „меѓународни извештаи укажуваат на Еди Рама како најкорумпиран премиер на Балканот“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација