Loading Video...
Тенис
3. November 2019 - 15:11

Барти ја победи Свитолина во финалето на завршниот ВТА турнир

Австралиската тенисерка Ешли Барти е победничка на завршниот ВТА турнир што годинава се играше во кинескиот град Шенжен. 
 
Светската тенисерка број 1, Барти од во финалниот меч кој траеше 1 час и 28 минути ги доби двата сета спротив, Елена Свитолина, која лани беше најдобра на завршницата.  Првиот сет Австралијката го доби со 6-4, а во вториот и препушти гем помалку на Украинката (6-3). 
 
За Барти ова е четврти трофеј сезонава, а вкупно седми во кариерата, а покрај пехарот таа заработи и 4,42 милиони долари. 
 
Воедно Барти стана и првата австралиска тенисерка која од 1976 година наваму триумфирала на завршниот турнир, а годината со вкупно 55 победи ќе ја заврши како прво рангирана на ВТА листата