Loading Video...
Тенис
29. October 2019 - 16:09

Бартенс и Бенчиќ со пресврт до победи против Барти и Квитова

 
 
 
Во кинескиот град Шанжен се одржува завршниот турнир во женска конкуренција. 
 
27 годишната холандска тенисерка Кики Бертенс кој ја замени повредената Ноами Осака направи големо изненадување. 
 
Бертенс во првиот меч ја совлада топ фаворитката Ешли Барти од Австралија со 2:1 во сетови. Во мечот кој траеше нешто повеќе од 2 часа, првиот сет и припадна на Австралијката со 6-3, но во следните два Бертенс направи комплетен пресврт и го доби со 6-3 и 6-4.
 
 
Во вториот меч од „Црвената“ група денеска играа и Петра Квитова и Белинда Бенчиќ. И во тој дуел се случи пресврт, откако првиот сет го доби Квитова со 6-3, следните два и припаднаа на Бенчиќ со 6-1 и 6-4.
 
Така сега Бертенс, Барти и Бенчиќ имаат по една победа, а Квитова два порази.