Loading Video...
Фудбал
19. May 2019 - 18:25

Барселона со „реми“ кај Еибар ја заврши сезоната во Ла Лига

 
 
Екипата на Барселона играјќи нерешено 2:2 против  Еибар нагости ја заврши сезоната во фудбалскиот шампионат на Шпанија.
 
Каталонскиот гигант со тоа ја потврди својата доминација во Ла Лига во која одамна на имаше осигурено шампионската титула што е 26-та за овој клуб. 
 
До неа Барселона стигна со дури 11 бодови повеќе од Атлетико Мадрид односно 19 повеќе од големиот ривал Реал Мадрид. Покрај овие три екипи следната година во Лигата на шампионите Шпанија ќе ја претставува и Валансија. 
 
За место во Лигата на Европа се изборија Гетафе директно во групната фаза, односно Севиља и Еспањол кои ќе играат во квалификациите. 
 
Првата дивизија ја напуштаа Џирона, Хусеска и Рајо Ваљекано.