Loading Video...
Фудбал
26. September 2021 - 18:23

Барселона славеше против Леванте

Холандското дуо Депај и ДеЈонг беа творци на победата на Барселона против Леванте со 3-0 во меч од седмата рунда на Ла Лига. 
 
Новото засилување Мемфис Депај од пенал во 6.минута го постигна првиот гол за каталонскио гигант, додека неговиот сонародник Лук Де Јонг во 14-тата минута беше стрелец на вториот. 
 
Стрелец на третиот гол беше Ансу Фати кој во 81-минута го замени Де Јонг, а во последната се запиша во листата на стрелците. 
 
Во тимот на Леванте не настапи македонскиот репрезентативец Енес Барди кој сеуште се опоравува од повредата. 
 
По шест одиграни натпревари и со 12 освоени бодови Барселона е на петото место на табелата зад Реал кој има 17, односно Севиља, Атлетико Мадрид со по 14 и Реал Сосиедад кој досега собра 13 бодови.