Loading Video...
Кошарка
16. October 2020 - 12:41

Барселона по продолжение го доби Панатинаикос, а Жалгирис останува единствената непоразена екипа

По фудбалските возбудувања изминатиот период сега на меѓународната сцена актуелни се кошаркарските натпревари во Евролигата 
 
Два од четирите натпревари во Евролигата што беа планирани за вчера не се одиграа. Причината позитивни на Ковид-19 вирусот во редовите на францускиот тим Лион Вилербан кој требаше да игра со Црвена Звезда, односно Зенит кој требаше да гостува кај Валенсија. 
 
Затоа супер интересна и неизвесна кошарка донесе пресметката меѓу Барселона и Панатинаикос што шпанскиот ти  ја доби дури во продолжението. Откако регуларните 40-минути завршија со изедначени 75-75 во дополнителните пет минути домаќините одиграа фантастично, односно на 22 постигнати поени примија само 14, за на крајот да слават победа со конечни 97-89.
 
Жалгирис ја продолжи победничката серија. И во четвртиот меч литванскиот тим забележа победа, овојпат над Анадолу Ефес со 89-73 со што Жалгирис остана единствената непоразена екипа во новата сезона на Евролигата. 
 
Вечерва на програмата се нови четири натпревари од четвртата рунда во Евролигат.