Loading Video...
Кошарка
25. October 2019 - 14:32

Барселона останува единствената со максимален учинок во Евролигата

Екипата на Барселона останува единствената досега со максимален учинок во кошаркарската Евролига. 
 
Шпанскиот тим ја забележа и четвртата победа сезонава откако синоќа на гостувањето во Белград ја совлада Црвена Звезда со 73-65. 
 
Шанса да има скор четири од четири вечерва ќе има и московска ЦСКА која гостува во Берлин кај германскиот првак Алба. 
 
Затоа пак Валенсија е единствениот тим кој и по четири одиграни натпревари во Евролигата се нема радувано на победа. На гостувањето во Тел Авив кај Макаби кошаркарите на Валенсија беа поразени со 76-63. 
 
Дербито на ова коло се одигра во Истанбул, каде Анадолу Ефес го победи Реал Мадрид со 76-60