Фудбал
30. April 2018 - 15:08

Барселона ја завери шампионската титула

 
Екипата на Барселона три кола пред крајот на сезоната во шпанската Ла Лига го потврди освојувањето на шампионската титула. 
 
Барса синоќа на гостувањето во Ла Коруња го совлада Депортиво со 4-2, со што ја задржа предноста од недостижни 11 бодови во однос на Атлетико Мадрид кој е на второто место. 
 
За Барселона ова е 25-та титула во Ла Лига, со што останува на втората позиција на вечната листа на која прв е Реал Мадрид со 33 шампионски трофеи. 
 
Воедно овој меч значеше и крај за Ла Коруња во надежите за опстанок во Примера, па заедно со Лас Палмас и Малага се трите тима кои следната сезона ќе играат во втората лига.