Фудбал
1. November 2020 - 11:14

Барса немоќна и со играч повеќе

Екипата на Барселона продолжува со скромните резултати во Ла Лига откако не успеа да слави на гостувањето кај Алавез. Средбата заврши без победник 1-1 а фрустрацијата кај тимот на Куман е доколку поголема бидејќи со играч повеќе во период од 30-тина минути не успеаја да го скршат отпорот на домаќинот. Ако кон тоа се додаде и катастрофалната грешка на Пике и голманот Нето тогаш Куман има причини за загриженост бидејќи фаворитот има само 8 бода по 6 одиграни средби.