Фудбал
23. јуни 2017 - 17:30

Барди: Ќе биде добар натпревар во кој ќе ги освоиме трите бода

 
 
Стрелецот на првиот гол за Македонија на ЕП за играчи до 21 година, Енес Барди верува дека македонската репрезентација е кадарна да ги освои трите бода во дуелот против Португалија.
Македонските фудбалери  вечерва ќе го игра последниот натпревар на Европскиот шампионат, а за противник ќе ја имаат силната Португалија. 
„Секогаш мотивацијата е голема. Играме против силни репрезентации, Шпанија, Србија, Португалија. Тие имаат големи, врвни играчи, но ние не планираме да се предадеме. Првиот натпревар го загубивме (Шпанија 0-5), во вториот одигравме нерешено (Србија 2-2), мислам дека овој трет натпревар ќе биде осличен со големо борба и дека конечно ние ќе ги освоите сите, три бода“, изјави Барди, 
 
Дуелот Македонија – Португалија е во рамките од последното 3.коло во Б групата, во кое вечерва ќе играат Шпанија и Србија. 
 
Двата натпревари се играат во терминот од 20:45 часот.
https://

.be