Балкан
17. August 2018 - 21:32

Барбара во пожарот на југот на Грција остана без сопругот и децата, одлучи да ги казни одговорните за смртта на нејзиното семејство

Жената која изгуби семејство во трагичниот пожар на југот од Грција, денеска поднесе тужба против 7 официјални лица, вклучувајќи го и грчкиот министер за внатрешни работи, тврдејќи дека имаат одговорност за таа трагедија во која настрадаа 96 лица.

На Барбара Вукако во пожарот кој на 23 јули изби во Атика, и настрада сопругот Григорис Фитрос, синот Андреас (11) и ќерката Евита (13).

 

Таа сега поднесе тужба против министерот за внатрешни работи Панос Скурлетис, грчкиот министер за јавен ред и цивилна заштита Никос Тоскас, кој поднесе оставка неколку дена по пожарот, локалниот градоначалник, регионалниот гувернер и поранешните челници на пожарникарските служби, полициајта и агенцијата за цивилна заштита.

Да потсетиме дека некои од роднините на сопружниците кои загинаа во шумскиот пожар недалеку од Атика минатата недела ги тужеа грчките власти, пожарникарите и полицијата поради нивната смрт. Властите може да одговараат за кривично дело убиство од небрежност, телесни повреди и изложеност која доведува до смрт, поради пожарот или она што се нарекува „библиска катастрофа“, наведено е во текстот на тужбата.

„Верувам дека тие се одговорни за заштита на луѓето, за гасење на пожарот и спроведување на мерки за претпазливост и мора да бидат осудени“, рече адвокатот Антонис Фоусас.

Во пожарот кој протатне во источна Атика, настрадаа 96 лица. Бројот на исчезнатите во огнената стихија, која речиси целосно го уништи приморскиот град Мати, официјално достигна 25, откако исчезнувањето го пријавија нивните семејства.