-->
-->
Бараж - ЕУРО 2016: Победи за Укрина и Шведска
-->
Репрезентацијата на Украина ја совлада Словенија со 2:0 во првиот дуел од бараж пресметката за пласман на Европското фудбалско првенство во Франција што треба да се игра идната година.
Противникот во квалификациската група каде што настапуваше Македонија, до убедливата победа вчеравечер во Л’вов дојде со погодоците на Јармоленко и Сележњов. Предност по првиот бараж има и Шведска која во скандинавската пресметка беше поуспешна од Данска со 2:1.
Постигнати резултати на синоќешните средби:
Украина – Словенија 2:0,
Шведска – Данска 2:1.
Одиграно претходно:
Норвешка – Унгарија 0:1,
Босна и Херцеговина – Република Ирска 1:1.
Вечерва се игра првиот реванш дуел меѓу Унгарија и Норвешка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара