Бан Ки-мун повика на единствени дејствија во борбата против тероризмот
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска ја подвлече неопходноста од единствен и поливалентен пристап кон тероризмот, особено за неговото спречување. Според него, светските лидери не ја сфатија пораката на Арапската пролет, пренесоа француските медиуми.
Почитувањето на правата на човекот треба да биде на фронтот од реакцијата против тероризмот, изјави Бан на меѓународна конференција во Мадрид за превенција на насилниот екстремизам.
Луѓето, привлечени од екстремизмот, често пати се незадоволни. Тие се радикализираат од тоа што го гледаат околу себе - неправда, насилство и многу цврсти одговори во безбедносната сфера, додаде тој.
-Кога во 2011 година избувна Арапската пролет, ги повикав регионалните лидери внимателно да ги слушнат пораките од мирните демонстранти за демократија. Но, тие не послушаа, додаде тој и изрази жалење за настаните што следеа, како граѓанската војна во Сирија и проблемите во Либија.
Бан подвлече дека прва задача треба да биде елеминирање на сиромаштијата и нееднаквоста, поддршка за оддржливиот развој и грижата за младите, кои се првата цел на врбувачите на терористичките групи.
Бан потсети дека во јануари или февруари ќе го претстави светскиот план за борба со тероризмот.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара