Фудбал
21. јуни 2016 - 14:08

Балотели во ФК Вардар

Како што пренесува Македонски спорт, ФК Вардар го носи во своите редови Балотели кој веќе го одработил и првиот тренинг со црвено-црните. 

Се работи за Џонатан Балотели , фудбалер кој доаѓа од Бразил. Балотели ќе треба да биде засилување во нападот на „црвено-црните“, и второ ново име после голманот Игор Алексовски. На проба во моментов е и Џон Обрегон за кого ќе следува одлука до крајот на неделава за негов евентуален ангажман.