-->
-->
Балканот се тресе, серија земјотреси во Турција
-->
Земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во западниот турски округ Маниса, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Епицентарот на земјотресот бил во реонот на градот Акхисар. Потресот е регистриран во 9.21 часот на длабочина 11,7 километри.
Засега нема информации за повредени или за причинета материјална штета при потресот.
Земјотрес со интензитет од 3,5 степени по Рихтер беше регистриран денеска и во северозападниот округот Јалова, соопшти Си-Ен-Ен-Турк, повикувајќи се на истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили.
Потресот е регистриран во 00.22 часот во реонот на градот Чинарџик. Следеа вкупно 27 последователни потреси, кои траеа до 7.45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители