Џет-Сет
21. August 2015 - 14:45

Балканот се простува од музичката легенда Арсен Дедиќ

Голем број колеги, соработници и пријатели денеска се простија од Арсен Дедиќ. На комеморацијата во Шибеник во негова чест присуствуваа бројни звучни имиња кои се поздравија од музичката легенда.
 
- Замина човек поради кој сме радосни што сме од Шибеник. Тој не се плашеше од смртаа, се плашеше да не се залежи во кревет. Беше голем човек, беше кажано на комеморацијата.
 
Инаку, Арсен почина на 77 годишна возраст