Македонија
13. јуни 2021 - 19:13

Бајден: САД се вратија да го предводат светот

Американскиот претседател Џо Бајден денеска по тридневниот Самит на Г-7 изјави дека САД се вратија на светската сцена и ја преземаат водечката улога.

– Америка се врати да го предводи светот, со тiе што ги споделуваат нашите најдлабоки вредности. Мислам дека постигнавме напредок во враќањето на американскиот кредибилитет меѓу нашите најблиски пријатели, истакна Бајден.

Тој Самитот на Г-7 во Корнвол го оцени како „исклучително продуктивен и исполнет со соработка”.

Поголемиот број европски сојузници на САД беа незадоволнио од изолационистичката политика на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Бајден по Самитот ќе се сретне со британската кралица Елизабета Втора, а потоа ќе отпатува за Брисел, каде ќе има средба со лидерите на Европска Унија и на НАТО. Додека на 16 јуни во Женева ќе се сретне со руискиот претседател Владимир Путин