Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки по смртоносни торнада
– Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки, откако во петокот серија смртоносни торнада ја погодија сојузната држава, изјави претставник на администрацијата. Таквата одлука го отвора патот за дополнителна федерална помош.
Донесување таква одлука вчера официјално побара гувернерот на Кентаки, Енди Бешер.
Гувернерот оцени дека торнадата се најразорните во историјата на државата, наведувајќи дека се уништени и најцврстите згради.
Спасувачките служби во Кентаки вчера ги пребараа урнатините во потрага по преживеани, а властите стравуваат дека повеќе од сто луѓе загинале и предупредуваат дека има мала надеж да се најдат уште преживеани по разорните торнада кои однесоа животи во најмалку пет држави. Најголема штета претрпе гратчето Мејфилд во југозападниот дел на Кентаки, каде живеат 10.000 луѓе – куќи срамнети со земја или оставени без покрив, откорнати огромни дрвја, уништена фабрика, пожарна и полициска станица.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера