Свет
2. July 2020 - 8:57

Бајден: Онаму каде што Трамп беше кукавица, јас ќе бидам одлучен

Критичарите на законот велат дека со него се обидува да се замолчи опозицијата во Хонг Конг. Законот го прогласува кинеското судство надлежно за „тешки“ безбедносни закани и предвидува доживотен затвор за кривични дела против националната безбедност.

Бајден најави уште построги мерки, велејќи дека ако победи на изборите, тој ќе „обезбеди“ целосна имплементација на законите за човекови права во Хонг Конг и Ксинџијанг, каде што Кина, според Вашингтон и другите западни престолнини, во политички логори држи најмалку еден милион муслимани.

– Веднаш ќе наметнам економски санкции ако Пекинг ја прошири својата цензура на нашите брегови и се обиде да ги замолчи нашите граѓани, бизниси и институции, предупреди Бајден.