Свет
16. January 2017 - 14:33

Бајден: Меѓународната заедница и Трамп да застанат зад Украина

Меѓународната заедница треба да и се спротивстави на руската агресија, изјави во Киев американскиот потпретседател Џо Бајден, кој Украина ја избра за својата последна посета пред да ја напушти функцијата.

Западните медиуми оценуваат дека со ова Вашингтон сака да го нагласи посебното внимание кое администрацијата во заминување на Барак Обама генерално и го посветуваше на Украина. 

Бајден до Киев го повика и следниот американски претседател Доналд Трамп да и даде силна поддршка на Украина.

- Вие се борите како против корупцијата, така и против континуираната агресија на Кремљ, изјави Бајден на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Петро Порошенко.

- Меѓународната заедница треба да продолжи да покажува единство против руската агресија, додаде Бајден.

Во текот на мандатот на Обама, САД одделија значителни средства за да и помогнат на Украина да се справи со сепаратистите во источна Украиона, откако поранешниот украински претседател Виктор Јанукович, кој ја имаше поддршлата на Кремљ побегна од земјата.

Американската поддршка за Украина, која ги вклучуваше санкциите протов Русија поради анексијата на Крим и сепаратистичкиот конфликт, доведе до најсериозното влошување на руско-американските односи од времето на Студената војна.

Бајден беше водечката фигура во односите со Украина. По смената на власта во Украина тој пет пати го посети Киев. Американскиот потпретседател оддржуваше толку редовни телефонски контакти со украинските лидери, што дури и се пошегува на сопствена сметка изјавувајќи дека со нив зборува повеќе отколку со својата сопруга.

И покрај значајната финансиска помош, САД одбија на Украина да и испорачаат оружје за борбата со сепаратистите во источна Украина.