Македонија
26. December 2020 - 11:38

Бајден до Заев: Очекувам интензивна соработка на прашања од интерес на двете земји и двата народа

Премиерот Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден во кое се заблагодарува за честитките на премиерот Заев по повод изборот на Бајден за претседател на САД, информира владината прес-служба.

-Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камила Харис, со благодарноста за честитките истакнува дека тој стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка, се вели во соопштението од Владата.

Во писмото, новоизбраниот претседател на САД, Бајден пишува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев на овие и на други прашања од интерес на двете земји и двата народа.