Loading Video...
Свет
25. November 2020 - 18:22

Бајден: Америка се врати, подготвена е да го води светот

Америка се врати и е подготвена да го води светот, а не да се повлекува од тоа. Пораката до американскиот народ Џо Бајден ја упaти од родниот град Вилмингтон. Претставувајки го својот тим, избраниот претседател истакна дека Донадл Трамп целосно го сменил ликот на државата и тоа мора да се промени. Борбата против Ковид 19, климатските промени и имиграцијата ќе бидат во фокусот во првите 100 дена од мандаот на 46-тиот американски претседател.  Трамп кој одбива да признае  пораз на изборите вчера се согласи да почне процесот на предавање на власта.

Автомобил од засега непознати причини се заби  во оградата пред канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Во тој момент Меркел се подготувала за онлајн состанок. На возилото има испишани пораки  Стоп за политиката на глобализација и Проклети убијци на деца и стари луѓе. Возачот е притворен, а едно лице е повредено. Полицијата соопшти дека не верува дека станува збор за терористички напад. Германските медиуми потсетуваат дека истиот автомобил пред 6 години удрил во истата ограда.  

Со коронавирус во изминтите седум дена во светот се заразиле над 4 милиони лица. Тоа е највисока бројка за една недела од почетокот на пандемијата, сумираше СЗО. Најголемо зголемување на бројот на нови случаи е потврдено во Европа. Некои европски земји најавуваат олеснување на мерките додека земјите во регионот го затегаат обрачот и вовоедуваат нови рестикции за да го запрат ширењето на корона вирусот. 

Руските пранкери Вован и Лексус се пошегуваа и со канадскиот премиер, кому му се претставиле  како шведската еко активистка Грета Тунберг. 9 и пол минути му требале на Трудо да свати дека повикот е шега, кога лажната Грета  побарала од него да и помогне да ги запознае  Теренс и Филип. Во имагинариот свет на Саут Парк Теренс и Филип се најпопуларното комично дуо од Канада.