-->
-->
Багдад не сака користење американска база во Ирак за напади врз Иран
-->
Багдад нема да дозволи под никакви околности американски бази на територијата на Ирак да се користат за нанесување воен удар врз соседен Иран, изјави ирачкиот претседател Бархам Салих во интервју за Си-Ен-Ен.
-Ние не сакаме нашата територија да се користи за какви било непријателски активности против кој и да е од нашите соседи, вклучувајќи го и Иран, истакна Салих.
– Тоа дефинитивно не е составен дел од договорот меѓу владите на Ирак и на САД.
Претседателот на САД Доналд Трамп за телевизијата Си-Би-Ес во февруари изјави дека би сакал да ја задржи американската воена база во Ирак најмногу за да може да ја користи „за контролирање на Иран, кој е вистинскиот проблем”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада