Loading Video...
Фудбал
15. August 2020 - 15:44

Баерн ја понижи Барселона како никогаш досега

Минхенски Баерн е третиот тим кој се пласира во полуфиналето во  Лигата на шампионите, и тоа на импресивен начин совладувајќи ја Барселона во четвртфиналето со убедливи 8-2.
 
Иако беше најавуван како „финале пред финалето“ сепак дуелот меѓу Баерн и Барселона ни оддалеку неможе да се оцени како таков. Напротив. За тоа „виновници“ се фудбалерите на Баерн кои едноставно им одржаа лекција од модерен фудбал на играчите од Барселона, па конечните 8-2 можеби и не се нај реалниот резултат на дуелот, но секако резултат за историјата и тоа во повеќе категории. 
 
Шпанскиот тим никогаш досега не бил вака понижен за што говорат и натписите во сите светски медиуми. 
 
Веќе и официјално е најавен отказ за тренерот Кике Сетиен, но за очекување е и заминување на актуелниот претседател Жозеф Бартомеу, кој се посочува како еден од главните виновници за катастрофалната сезона во која клубот не освои ниту еден трофеј. 
 
Што се однесува до Баварците, тие веќе се фокусирани на она што им претстои, па од таборот на Баерн најавија дека со најголемо внимание ќе го следат веќерашниот дуел меѓу Манчестер Сити и Олимпик Лион, последен од четвртфиналето, по кој ќе биде познат и противникот на германскиот шампион во полуфиналето закажано за во среда (19 август) . 
 
Во првиот полуфинален дуел закажан за во вторник (18 август) ќе играат Лајпциг и ПСЖ тимови кои со идентични 2-1 во четврфиналната рунда беа подобри од Атлетико Мадрид и Аталанта.