Бабовски: Исплатени 5,5 милиони евра субвенции на 9.146 субјекти за одржување на овошни насади
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗР) денеска им исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување насади на вкупно 9.146 производители на јаболка, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.
-Иако на средбите со овоштарите ветивме дека субвенциите ќе бидат исплатени до 30 март, направивме напор да го скратиме времето и што побрзо да стигнат до нив средствата кои им се неопходни за изведување на агротехничките мерки во нивните овошни насади, како и за да можат да се подготват за новата реколта, изјави директорот на АФПЗР Николче Бабовски.
Тој посочи дека со денешната исплата се реализирани сите барања што ги имаа производителите на јаболка и потсети дека претходно им беше прифатено барањето за продолжување на мерката за дополнително субвенционирање од три денари по предаден килограм индустриско јаболко до 30 јуни годинава.
-Со тоа се очекува да се откупат дополнителни 30.000 тони јаболка што значи нови 90 милиони денари за производителите. Во новата програма за директни плаќања за 2019 година по препораките од Европската Унија дополнителната субвенција од три денари е трансформирана во нова мерка со која ќе се субвенционира по површина и тоа ќе значи зголемување на субвенцијата од 39.000 на 50.000 денари по хектар, а за подрачја со ограничени можности, односно подрачја што се наоѓаат над 700 метри надморска висина им се даваат дополнителни 15 проценти зголемувања или 57.500 денари по хектар, посочи Бабовски.
Потсети дека во последниот месец е извршена исплата на сметките кај 81.000 субјекти за поледелство, раноградинарство, лозарство и за сточарство со што во земјоделството се вратени 40,5 милиони евра свеж капитал кои фармерите ќе може да ги реинвестираат за своите потреби. Апелираше сите баратели на субвенции да доставуваат целосни и точни податоци и точни трансакциски сметки за да може навреме да бидат исплатени средствата од владините мерки за финансиска поддршка на земјоделството.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто