Баба Зора има 77 години а месечно заработува некогаш и повеќе од 1.000 евра!
Зора Тешевиќ (77) од Ужице и во осмата деценија е меѓу првите на пат кон Ариље, и оваа година да бере малини, боровинки и капини.
- Веќе 5 години рабoтам кај исти луѓе. Минатата година работев три месеци, човекот кај кого берев тогаш ми купи торта на 12. август за мојот 77. роденден - вели баба Зора.
И покрај трагедијата која ја доживеала, ги погребала своите два сина утеха наоѓа во работата.
- Минатата година ми почина синот кој имаше 57 години, веднаш по 40-дневниот помен отидов да работам. Набрав 118 килограми капини, останатите работници доаѓаат да берат малини еден месец или два и си одат, јас останувам и за капини и боровинки. Заработив 1.100 евра - вели Зора и додава дека се што заработила дала за споменик.
И оваа година после годишнината тргнала на берење иако за себе вели дека не е многу здрава, пие редовно лекови и покрај работата од утро до вечер помага на газдарицата да ја постави вечерата и некогаш ги мие садовите.
Баба Зора живее сама, но живее за внуците, едната магистрирала економија во Белград а другата е дефектолог.
- Имам јас моја мензија од 200 евра, некогаш работев административни работи во Регионалните СИЗ-ови во Ужице, тоа за мене е доволно. Она што ќе го заработам дополнително оваа година ќе оди во рацете на моите внуци - вели гордо Зора.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка