Бизнис
30. March 2023 - 16:29

Азевски ги повика политичарите да ги тргнат рацете од бизнисот

Политичарите да ги тргнат рацете од бизнисот. Наместо економски напредок, тие го гледаат само сопствениот интерес да останат на власт. Постојано ги оптоваруваат фирмите со нови давачки, немаат слух за проблемите со кои се соочуваат, а институциите не функционираат - затоа 40 години наместо просперитет, се тапка во место. Сериозни критики адресира првиот човек на Стопанската Комора до власта.

„Денес ваква давачка, утре таква, задутре ќе се расправаме на Уставен суд. За што работиме ние цело време? Работиме за противење на воведување нови давачки кои не имаат срозено и срамнето до земја. И истиот тој сега ти вели ајде дигни се, сега ќе се приклучиме кон ЕУ. Со што? Во ЕУ се оди со јасна цел, кадар и пари. Тој ти држи зафаќање на џебот секој ден. А тој сака да си оди со партиски кадри во Брисел, вели Бранко Азески, претседател на Стопанска Комора.

Бизнисот има решенија и истите ги нуди. Но власта само ќе ги слушне и не презема ништо. Секогаш има други приоритети, вели Азески.

„Ако одам 10 пати во Владата и зборувам исто, а тие не сакаат да преземат ништо, што да правам – да ги тепам?, додава Азески.

Првиот вцепремиер пак, не се согласува со констатацијата на Азески. Вели дека Владата е во постојан дијалот со бизнисот и работи на решавање на нивните проблеми.

Бизнисот има предизвици, но секогаш бара начин да се приспособи. Американската амбасадорка во земјава, Агелер ги повика бизнисмените да се спротивстават на сите пречки кои го отежнуваат нивното работење и ги спречуваат инвестициите. 

Азески предлага по принципот на Рамковниот Договор, бизнисот од Балканот да се обедини и да потпише ист таков договор, каде ќе се обврзат кои да им бидат приоритети и како да ги исполнат во следните 10-15 години. Историјата и географијата да се тргнат на страна, а фокусот да биде подобриот животен стандард на сите граѓани и функционална држава.