Азербејџан соопшти дека извел антитерористичка операција во Нагорно Карабах
Азербејџанската служба за државна безбедност спроведе антитерористичка операција на периферијата на Хадрут и Нагорно Карабах, се наведува во денешното заедничко соопштение на службата за државна безбедност и Министерството за одбрана на Азербејџан.
„По потпишувањето на трилатералниот договор во Москва за прекин на воените дејствија во Нагорно Карабах, ерменските вооружени формации останаа во шумите северозападно од Хадрут. Овие формации не ја напуштија областа, туку, напротив, ги утврдија своите борбени позиции од кои изведоа неколку саботажи против азербејџанските вооружени сили и цивилите“, се вели во соопштението.
Се додава дека во тие акции биле убиени четворица припадници на азербејџанската армија, а ранети биле двајца и еден цивил.
Се наведува дека поради тоа, азербејџанските безбедносни сили биле принудени да спроведат антитерористичка операција во таа област, пренесува ТАСС.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца