Македонија
26. October 2015 - 8:19

Автопатот кај Градско затворен за сообраќај

Поради снимањето на францускиот филм „A Fond“, денеска делницата од мотелот Македонија до Градско ќе биде затворен за сообраќај од 05 до 18 часот.

Како што информира АМСМ, повикувајќи се на  соопштение на Мануфактура Продукција, во посочениот период сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.