Македонија
25. October 2015 - 14:12

Автопатот кај Градско утре затворен за сообраќај

Поради снимањето на францускиот филм A Fond, утре Автопатот А1 на делницата од Мотел Македонија до Градско ќе биде затворен за сообраќај од 05:00 часот до 18:00 часот.

Како што информира АМСМ повикувајќи се на  соопштение на Мануфактура Продукција, во посочениот период сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.