Автомобилски компании заинтересирани за инвестиции во охридскиот регион
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески и генералниот менаџер на „Костал“ во Македонија и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо го посетија најголемиот глобален саем за автомобили „ИАА“, што се одржува во германскиот град Франкфурт, каде остварија средби со неколку глобални производители на компоненти за автомобилската индустрија, кои ја разгледуваат нашата држава и охридскиот регион како потенцијални локации за свои идни инвестиции.
За време на посетата, Георгиевски оствари средба со Андреас Костал, сопственик на компанијата „Костал“, која има фабрика во Охрид, на која присуствуваше и Мизо. На средбата се разговарало за растот на компанијата во земјава во текот на изминатите три години, за значењето на нејзиниот развој за локалната и регионалната економија, како и за условите за работа и можностите за вработување.
Исто така, била поздравена и соработката што компанијата ја има со Општина Охрид, а воедно се разговарало и за идните можности за соработка кои ќе придонесат, компанијата да ги реализира своите развојни и инвестициски планови во Охрид.
На изложбениот штанд на „Костал“, беа презентирани најновите технологии и лепезата на производи што компанијата им ги нуди на своите клиенти – производители на автомобили. Посебно била нагласена важноста на фабриката во Охрид, каде што се очекува забрзан раст на производството на најсофистицирани производи за електрични и премиум класи на возила.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација