Македонија
5. September 2019 - 11:37

Автомобил удрил во жена додека управувала со електричен тротинет

Жена со тешки повреди е пренесена во Градската болница вчера, откако претходно во неа удрил автомобил додека таа управувала со електричен тротинет.

„во 07.00 часот на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Мојанци, скопско, и електричен тротинет управуван од Б.Б.(41) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.Б. и била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде ѝ била укажана лекарска помош“ велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.