Македонија
9. July 2021 - 11:54

Автомобил удрил во малолетничка на велосипед во скопско Сарај

Вчера во 19.20 чaсот на крстосницата од ул.„1“ и ул.„5“ во с.Љубин, скопско,  патничко возио „даеву“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(22) од с.Љубин, удрило во велосипед управуван од малолетничка од с.Сарај, скопско. Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.