Македонија
2. September 2019 - 19:54

Автомобил удри во велосипедист кај Мавровка

Сообраќајна несреќа се случи попладнево на раскрсницата кај трговскиот центар Мавровка.
 
Патничко возило „Ауди“ удрило во велосипедист. Полициски службеници вршеа увид на местото на настанот.
 
Засега нема официјални информации за повредени.