Македонија
24. August 2021 - 11:16

Автомобил удри малолетен пешак

Малолетен пешак пренесен во болница откако бил удрен од автомобил.

- На 23.08.2021 во 17.40 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ц.(38) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.