Македонија
17. February 2018 - 11:43

Автомобил удри девојка во Скопје, со тешки повреди пренесена на Клиника

Скопјанката Ѓ.Ѓ (20) вчера околу 12:25 часот била тешко повредена откако во неа удрил автомобил „Ренџ Ровер” со скопски регистарски таблички управувано од А.Б.Ц.Г. (30) од Скопје.

Несреќата, како што информираат од МВР, се случила на крстосницата од улица „Мајка Тереза” и улица „Ацо Караманов”.

- Во незгода со повреди се задобила Ѓ.Ѓ. која со возило на брза помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, се вели во соопштението од МВР.