Македонија
7. January 2021 - 10:00

Автомобил пловеше синоќа во Вардар кај Камен мост

Видео на кое се гледа како  водите на Вардар носат автомобил, беше објавено на социјалните мрежи.

Снимката е направена околу 23 часот во центарот на Скопје, кај Камениот мост.

Не е познато каде и како возилото завршило во реката.

Автомобилот е со запалени фарови.