Македонија
19. April 2019 - 11:03

Автомобил излета надвор од коловозот, возачот тешко повреден

На 19.04.2019 година во 00.30 часот на локалниот пат Мирковци-Сандево,скопско, патничко возило „Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(23) од с.Мирковци, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Д.Ј.(29). На двајцата им била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.