-->
-->
Автомобил излета на магистралниот пат Охрид – Кичево, тројца повредени
-->

Три лица, од кои две потешко, се повредени откако возило „Опел синтра“, со струшки регистарски ознаки излета од пат.
Несреќата информира МВР, се случила вчера околу 20:20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на с.Врбјани.
- Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Е.З.(53) и А.З.(29), двајцата од Струга, а со телесни повреди се здобила стружанката А.С. (24) која управувала со возилото, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид за укажување на лекарска помош, велат од МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
