Македонија
17. August 2019 - 8:35

Автобуските линии 19 и 20 викендов ќе сообраќаат по изменета траса

Поради изведување градежни работи, улицата „Индира Ганди“ во Шуто Оризари вечер, од 22 часот до 5 часот изутрина во недела, ќе биде затворена за сообраќај. Во тој период автобуските линии 19 и 20 ќе функцинираат по изменет режим од вообичаениот.

Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусите на линија 20 ќе возат до поранешна циглана (ИГМ), по булевар „Босна и Херцеговина“, преку улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“ ќе сообраќаат до терминалот во Шуто Оризари. По оваа траса, линија 20 ќе сообраќа во двете насоки.

Автобусите на линија 19 во правец кон Шуто Оризари ќе возат до кружниот тек во Топанско Поле, па по улица „Лазар Трповски“, булеварите „Босна и Херцеговина“, „Македонско-косовска бригада“ и „Втора македонска бригада“ до Топанско Поле -Треска.

Кон Центар, линија 19 ќе сообраќа по вообичаената траса.