Македонија
16. February 2019 - 10:27

Автобуската несреќа ја зеде и 15-тата жртва, уште петмина во критична состојба

На Клиниката за реанимација и интензивно лекување во Клиничкиот центар во Скопје почина уште едно лице од повредените во трагичната сообраќајна несреќа што се случи на 13 февруари на автопатот Скопје - Тетово кај селото Ласкарци.

Во критична состојба се наоѓаат уште пет пациенти.

Уште триесетина повредени и понатаму се лекуваат во болничките центри во земјата, а некои од нив се пуштени на домашно лекување.