Свет
18. December 2016 - 18:17

Автобуси со бунтовници и нивните семејства почнаа да го напуштаат Алепо

Неколку автобуси со борци од источниот дел на Алепо и нивните семејства почнаа да го напуштаат последниот сириски град, кој е под контрола на бунтовниците, објави сириската телевизија.

Според телевизијата, започнало исполнувањето на постигнатиот договор меѓу Владата и бунтовниците за евакуирање на луѓе од источниот дел на Алепо во замена за евакуацијата на жителите од двете шиитски села Ал-Фуа и Кефраја, кои се под опсада од бунтовниците.